Reformi vo obrazovanieto vo
Makedonija i Slovenija (Makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 19 | Nivo:
Pedagoski fakultet
СОДРЖИНА:
Вовед
.........................................................................................
стр. 3
Основно образование
.............................................................. стр. 4
Цел и задачи на основното образование
............................... стр. 4
Основни задачи на основното образование
.......................... стр. 5
Организација и управување
.................................................... стр. 6
Образовниот систем и реформите
.......................................... стр. 7
Реформи во основното образование
....................................... стр. 8
Децентрализација на образованието
...................................... стр. 9
Финансирање на основното образование
.............................. стр. 10
Деветолетка
..............................................................................
стр. 12
Очекувани резултати по завршувањето на
деветолетката ....стр. 14
Компјутеризација на образованието
...................................... стр. 15
Главни новини во наставниот план
........................................ стр. 16
Заклучок
....................................................................................
стр. 18
Библиографија
.......................................................................... стр.
19
ВОВЕД
Училиштето е мошне стара воспитно-образовна
организација која, гледано историски, се менува зависно од општествените
промени и се приспособува кон новите барања на општеството и неговите членови.
Благодарение на таа своја динамичност, училиштето успеало да преживее многу
постапни и револуционерни општествени промени, успешно сообразувајќи се со
новонастанатите услови и околини.
Образовниот систем е отворен, реален, динамичен
и затоа е секогаш отворен за промени кои секако се имплеменираат во истиот со
цел зголемување на квалитетот на образованието на учениците, но секако и
следење на напредокот во образовните системи во земјите во Европа и светот.
Самиот податок дека во еден образовен систем се работи на имплементација на
промени и реформи укажува на фактот дека тој систем како таков е во тек со
целокупниот светски напредок во сите сфери, па затоа се искористува
најпозитивното за да се вклучи како процес кој ќе помогне во воспитно -
образовната работа.
Образовниот систем како таков во себе ги
вклучува сите видови образование кои може да се стекнат во нашата земја, започнувајќи
од основно образование, средно образование, високо образование, постдипломски и
докторски студии, образование за возрасни.
Промените започнуваат со нивното планирање со
Националната програма за развој на образованието 2005 - 2015 година, според која
постапно се предвидени голем број промени и реформи кои ќе го доведат
образовниот систем во нашата земја до голем број придобивки.
Како во светот, така и кај нас, во последната
деценија на минатиот век и почетокот на овој век, во образовниот систем се
сретнуваат мноштво иновации предизвикани од промените во опкружувањето. Дојде
до промени во хуманизмот и општествените уредувања, но и техничко-технолошкиот
развој доживува експанзија без граници.
Во областа на образованието се отвараат нови
хоризонти на сите нивоа. Образовниот систем не е во можност да му го овозможи
тоа што му е потребно на општеството затоа што во моментот, не се искористуваат
сите потенцијали кои пружаат нови сознанија од областа на педагогијата и
информатичките технологии.
---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ----------
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!